САД воведоа санкции за руски, ирански, севернокорејски и кинески поединци и правни ентитети, поради кршење на американскиот закон за неширeње на оружје за масовно уништување, соопшти Стејт департментот. 

На листата се најдоа 28 физички и правни лица.

Американската влада соопшти дека сите тие би можеле да „имаат потенцијал да дадат материјален придонес“ во развојот на крстосувачки и балистички ракетен систем на Иран, Сирија и Северна Кореја. 

Меѓу санкционираните се и рускиот Центар за обука за користење на ракетите земја-воздух, Централниот научен истражувачки институт на руското Министерството за одбрана во Курск, рускиот Истражувачко- -производствен концерн (БАРЛ), а нови санкции се воведени и на Главниот разузнавачки директорат на Генералштабот на руската армија (поранешен ГРУ).

На листата е корпусот на Иранската револуционерна гарда, ирански воздухопловни и воени компании, една кинеска трговска корпорација, либанскиот Хезболах, сириските воздухопловните сили и Центарот за научни студии и истражувања, како и три правни ентитети од Египет, Турција и ОАЕ. 

За руското МНР, со воведување на нови санкции за Русија, САД се обидуваат да се реваншираат за фијаското на ракетниот напад врз Сирија, извршен на 14 април.

е обидуваат формално да ја обвинат Русија за прекршување на американскиот закон за забрана на воено-техничката соработка со Иран, Северна Кореја и Сирија, нешто што нема никаква врска со нашата земја. Всушност, очигледно  се работи за банална желба да се пресметаат поради фијаското на ракетниот напад врз Сирија, кој САД го извршија на 14 април, заедно со Велика Британија и Франција, спротивно на меѓународното право, се вели во соопштението на руското МНР.

Оттаму велат дека санкциите се признавање дека припадниците на сириската противвоздушна одбрана на 14 април убедливо ги покажале можностите на советското и руското оружје, погодувајќи точно во  ракетните цели.