Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Канада денеска воведоа нови санкции за белоруски физички и правни лица.

Соединетите Американски Држави воведоа ограничувања за 20 физички лица и 12 ентитети, се наведува на веб-страницата на американското Министерство за финансии, пренесе „Ројтерс“.

Велика Британија воведе нови санкции за белоруски физички и правни лица и му го замрзна имотот на еден од најголемите светски производители на ѓубрива.

Канада воведе нови санкции за белоруски официјални лица и субјекти во координација со меѓународните партнери во знак на протест против, како што наведе, нападите врз човековите права и актите на репресија, соопшти Отава.

Канадското Министерство за надворешни работи соопшти дека дејствува заедно со САД, ЕУ и Британија.