Остров во Ирак на кој прибежиште нашле терористи на Исламска држава, беше уништен вчеравечер со речиси 36 тона бомби исфрлени од американските и сојузничките воени авиони, пренесува „Брејтбарт“.

Драматичните воздушни снимки покажуваат повеќе експлозии додека бомби паѓаа врз островот Канус проследени со огромни облаци во форма на печурки над реката Тигар.

Американските „Ф-15 страјк игл“ и „Ф-35А лајтнинг II“ летаа заедно со авионите на ирачкото воздухопловството за да ја уништат целта во провинцијата Саладин во операција за уништување на голем терористички транзитен центар од Сирија и од пустината Јазеира во Мосул, Махмур и Киркук во Ира. Островот Канус е во близина на оперативната база на САД во Кајајара.

Носивоста на Ф-35А е околу 8.100 кг, додека Ф-15 може да носи 13.380 кг. Минатиот септември првите ловци Ф-35 беа користени во мисија против Талибанците во Авганистан.

– Нема да ѝ дозволиме на ИД да се скрие на островот Канус. Обезбедуваме услови за нашите партнери да продолжат да носат стабилност во регионот. Коалициските сили употребија 36 тони муниција на островот за да спречат терористите да се кријат во густата вегетација – изјави генерал-мајор Ерик Т. Хил, командант со операцијата „Инхерент ризолв“ предводена од САД против ИД.