САД побара од Советот за безбедност на Обединетите нации да одржи средба следната недела на која ќе се дискутира за хуманитарната криза во Венецуела.

Според дипломатски извори, средбата се очекува да се одржи во среда.

Минатата недела, според извештај на ОН, е регистрирано дека седум милиони луѓе, околу 24 отсто од населението во Венецуела, имаат потреба од хуманитарна помош, поради тешкиот пристап до храна и лекови.

Во Венецуела околу 3,7 милиони луѓе страдаат од неисхранетост, што е трипати повеќе од податоците за 2010-2012 година, според кои најмалку 22 отсто од децата на возраст под 7 години страдаа од неисхранетост.