Вршителот на должност министер за одбрана на САД, Патрик Шанахан денеска изјави дека сака Турција да остане во програмата за борбени авиони Ф-35, но наведе дека Анкара мора да го купи и системот за ракетна одбрана Патриот.

При сослушување во Воениот комитет на Претставничкиот дом на САД, Шанахан прашан дали САД ја сакаат Турција во програмата Ф-35, одговори оти апсолутно ја сакаат, но и дека Анкара треба да купи Патриот.

Вашингтон се спротивстави на плановите на Турција да купи руски систем С-400 за противвоздушна одбрана.

САД сметаат дека Анкара не може да има напредни американски авиони и системи С-400, додавајќи дека Вашингтон наскоро би можел да ги замрзнат подготовките за испорака на Ф-35 на Турција.