Воена интервенција на САД во Венецуела би претставувала катастрофално сценарио и Москва го предупредува Вашингтон да не презема такви чекори. Тоа го изјави денеска заменикот шеф на руската дипломатија Сергеј Рјабков за списанието Меѓународен живот.

– Додека ние ја следиме ситуацијата во Венецуела, гледаме напори на друга држави меѓу кои и САД, дека користат разни платформи меѓу кои и Организацијата на американски држави, за вршење притисок врз нашата пријателска Венецуела со разни предлози – нагласува тој.

Додаде дека Русија ја поддржува Венецуела и ќе ја поддржува и ќе биде на страната на одбраната на суверенитетот и принципите за немешање во внатрешните работи на една држава.