Ракетните системи С-400, кои се сметаат за најнапредни противвоздушни системи во руската армија, распоредени се во регионот на Санкт Петербург, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Во соопштението од Министерството се наведува дека „ракетните системи С-400 ќе бидат ставени на 15 март во борбена готовност, со цел да ги заштитат воените, административните и цивилните објекти во областа Санкт Петербург.

Ракетите С-400, произведени во областа Астрахан, поставени се на растојание од 2000 километри од Ленинградската област, и се замена за старите ракетни системи С-300.