Руски „Сухој“ вчера најмалку три пати пресретнал американски авион „Посејдон П-8А“ над Средоземното Море, соопшти американската Шеста флота.

Според Шестата флота „американскиот воен авион летал во меѓународен воздушен простор, почитувајќи го меѓународното право и не ја провоцирал руската страна“, но во еден момент тврдат дека Русите ја ставиле во голем ризик посадата на американскиот воен авион.