Две експериментални вакцини за новиот коронавирус, на кои работат научници од рускиот Државен истражувачки центар за вирус и биотехнологија „Вектор“, ќе бидат тестирани во јуни, објави сибирскиот огранок на Руската академија на науките.

– Ние развиваме две вакцини, нивните прототипови треба да бидат тестирани во јуни – рече извршниот директор Ринат Максјутов, пренесува ТАСС.

Тој кажа дека „Вектор“ веќе создал два дијагностички сета за новиот коронавирус.

Кинескиот центар за контрола и превенција на заразни болести, исто така, почна да развива нов вид вакцина против вирусот 2019-нЦоВ, кој предизвикува пневмонија.

Досега 80 лица починале од корона вирусот, додека 2.700 се разболеле.