Руски генерал загина, а тројца руски војници се повредени во експлозија во Сирија, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Експлозијата се случила кога конвој на руската армија се враќал по хуманитарна акција во близина на Деир ел Зор, откако била активирана рачно изработена експлозивна направа.

Забележано е дека генерал-мајорот бил итно евакуиран и му била укажана лекарска помош, но лекарите не биле во можност да го спасат. Постхумно му е доделена државна награда.

Министерството за одбрана вети дека ќе обезбеди неопходна помош за семејството на убиениот генерал.