Според информациите на руските агенции, осум лица загинаа, а две се повредени во пукање во воена база во источна Русија, во селото Горни. Наводно, војник пукал кон своите колеги. Двајцата повредените се надвор од животна опасност.

Руското министерство го потврди инцидентот и додаде дека напаѓачот е уапсен.

-На 25 октомври за време на промена на стража, еден од војниците започнал да пука кон неговите колеги – се вели во соопштението на руските власти објавено од руските агенции.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека можна причина за нападот е нервен слом поради семејни проблеми.

-Нервниот слом нема никаква врска со неговата работа – додаваат оттаму.

Регрутираниот војник е во притвор, а двајцата повредени се лекуваат во воената болница и нивните животи не се загрозени, се вели во соопштението на Министерството.

Инцидентот се случил во воената база на крајниот исток на земјата, во регионот Забаикалск.