Комуникацијата со авионот „ан-26“, кој со 29 лица денеска исчезна во близина на Камчатка, бола прекината кога започнале подготовките за слетување, а за време на летот пилотите не пријавиле никакви проблеми, изјавил извор за агенцијата ТАСС.

Според обвинителството, на летот меѓу Петропавловск Камчатски и Палана имало 29 лица – 23 патници и шест члена на екипажот.

Од службите за итни случаи за ТАСС изјавиле дека авионот би можел да падне во морето, а една од причините може да биде полотска грешка поради слабата видливост.

Но, властите во Камчатка соопштија дека авионот се приближувал од копно, а не од море. Комуникацијата биле прекината на 10 километри од аеродромот во Палана.

На местото на настанот времето било лошо, облачно и магливо. Исчезнатиот „ан-26“ е произведен во 1982 година, а неговиот сертификат истекувал на 30 август годинава.

Според службите за итни случаи, авионот бил технички исправен пред полетувањето.