Патнички авион на руската авикомпанија „Урал Ерлајнс“ на лет од Доха до Москва, денеска принудно слета на аеродромот во азербејџанскиот главен град Баку, поради сомнеж дека во леталото е поставена бомба.

Како што соопшти Управата на аеродромот во Баку, авионот го извршил принудното слетување откако членовите на екипажот се посомневале дека е можно во леталото да е поставена бомба.

Во авионот имало 225 патници и членови на екипажот.

Во тек е проверка на леталото, се наведува во соопштението на аеродормската прес-служба.