Антитерористичката акција во рускиот град Саратов заврши со убиство на еден од милитантите за кој имало сомненија дека е поврзан со Исламската држава.

Федералната служба за безбедност (ФСБ) потврди дека осомничениот бил неутрализиран кога се спротивставил на апсењето.

Милитантот планирал терористички напад врз прометна локација во Саратов.

ФСБ соопшти дека осомничениот успеал да набави сè што е потребно за производство на експлозивни направи и дека во гаражата имал лабораторија во која изработувал експлозиви.

Тајната служба истакна дека на местото на инцидентот биле пронајдени и конфискувани огнено оружје, муниција и делови од неколку експлозивни направи.