Руските мировници придружувале група од 87 бегалци од Ерменија во регионот Нагорно-Карабах, се вели во соопштението од руското Министерство за одбрана, пренесува ТАСС.

– Руските мировници продолжуваат да го олеснуваат враќањето на бегалците во нивните домови. Уште 87 бегалци беа пренесени од Ереван во Степанакерт со автобуси. Вкупно 50.390 бегалци досега се вратија во Нагорно-Карабах – се наведува во соопштението.

Мисијата на руските мировници е да се погрижт за безбедно враќање на бегалците, да им обезбедат хуманитарна помош и да ги обноват објектите на цивилната инфраструктура. Тие исто така ја следат ситуацијата во регионот и спроведувањето на договорите за прекин на огнот од 27 набљудувачки места.

На 9 ноември 2020 година, рускиот претседател Владимир Путин, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан потпишаа заедничка изјава за целосен прекин на огнот во Нагорно-Карабах, почнувајќи од 10 ноември.

Рускиот лидер рече дека Азербејџан и Ерменија ќе ги задржат позициите што тие ги држеа и дека руски мировници ќе бидат распоредени во регионот.