Руските власти ги замрзнаа поголем дел од банкарските сметки поврзани со опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој се наоѓа во затвор поради истрагата за наводно перење пари, соопштија истражителите.

Меѓу замрзнатите сметки се и оние кои се поврзани со антикорупцискиот фонд, кој го основал Навални, одделни лични сметки на негови соработници, како и оние кои припаѓаат на неговиот штаб.