Рускиот новинар Аркадиј Бабченко за кој беше објавено дека вчера вечерта бил убиен во Киев, е жив. Познатиот критичар на Кремљ денеска се појави на прес-конференција на украинска телевизија.

Бабченко не прес-конференцијата и се извини на својата сопруга и им се заблагодари на сите кои го жалеле.

– Посебно извинување до мојата жена – изјави Бабченко, но не објасни како се било наместено.

Шефот на украинската служба за безбедност, Васил Хритсак изјави дека убиство на Бабченко било исценирано со цел да се откријат руските агенти.

– Врз основа на информации кои ги проследи украинската служба, убиството на рускиот новинар Аркадиј Бабченко го наредија руските безбедносни служби- истакна Хритсак.

Бабченко наводно беше пронајден крвав од неговата сопруга на влезот од станот во Киев, „неколку пати застрелан во грб, а починал во болница“. Новинарот не и кажал ниту на сопругата дека неговото убиство е исценирано.

Бабченко (41), еден од најпознатите руски воени известувачи замина од Русија во 2017 година, откако на социјалните мрежи доби закани по неговиот живот и по неговото семејство.

Претходно, премиерот на Украина, Володимир Гројсман ја обвини Русија дека е вмешана во вчерашното убиство на Бабченко во Киев. Тој го нарече Бабченко „вистински пријател на Украина“ на кого „Русија не му прости“.