Ракетата „Сојуз МС-11“ со тричлен екипаж, вечерва се спои со еден од модулите на рускиот сегмент на Меѓународната вселенска станица(МВС), соопшти портпаролот на руската државна корпорација за вселенски активности „Роскосмос“.

Според неговите зборови, ракетата се споила со рускиот сегмент во 20:33 часот по московско време, по што екипажот чекал два часа да влезе во МВС, време потребно да се изедначат притисоците во ракетата и на станицата, пренесува ТАСС.