Новите еднострани санкции на САД против Русија во врска со случајот Скрипал, ќе влезат во сила околу 27 август, изјави претставник на Стејт департментот.

-На 6 август САД укажаа дека владата на Русија користела хемиско или биолошко оружје и со тоа нарушила меѓународно право или користеле врз свои граѓани смртоносно хемиско или биолошко оружје. На 8 август го известивме Конгресот за нашата намера да воведеме санкции кон Русија бидејќи тоа го бара законот за контрола врз хемиските и биолошки оружја – изјави претставник на Стејт департментот.

Според дипломатот, периодот за одговор согласно законот изминал на 22 август. – Поднесовме известување до Федералниот регистар со кое се активираат санкции и очекуваме публикување на 27 август.