Москва објави дека ќе му помогне на Бејрут да закрепне по големата експлозија во која загинаа стотина и се повредени илјадници лица, уништувајќи притоа повеќе згради пренесува „Спутник“.

– Авионите на руското Министерство за вонредни состојби ќе достават мобилна болница, медицински лица и трупи за итна помош како и експерти на „Роспотребнадзор“ со лабораторија за дијагностицирање на ковид-19. Сите експерти ќе имаат специјална заштитна облека и заштитни средства, имајќи ја предвид ситуацијата – се вели во официјалното соопштение, додавајќи дека кон Либан ќе се упатат пет авиони.

Точната причина за пожарот и експлозијата останува нејасна, но според првичните извештаи, можно е да експлодирале 2.750 тони амониум нитрат складирани во пристаништето, што резултираше со катастрофа.

Освен Русија, повеќе држави ја понудија својата помош за Либан, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Франција, Грција, Кипар и Израел.