Руската полиција ја укина потерницата за белоруската опозициска политичарка Светлана Тихановскаја, издадена по иницијатива на белоруските власти, пренесува Ројтерс.

Тихановскаја е во егзил од минатата година, откако белорускиот претседател Александар Лукашенко го освои шестиот мандат на изборите во август, а таа, која му беше противник, одби да ги прифати резултатите, сметајќи дека се наместени, па затоа истиот ден ја напушти Белорусија и отиде во соседна Литванија.

Во октомври, Белорусија издаде меѓународна потерница за Тихановскаја, обвинувајќи ја дека повикува на закана за националната безбедност на Белорусија.