Руската војска тестира низа нови нуклеарни и други оружја, вклучувајќи го и ласерско оружје, како и нуклеарна крстосувачка ракета со неограничен дострел, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Оттаму информираат за напредокот на развојот на оружје, кое во март во говор го претстави претседателот на Русија Владимир Путин.

Министерството наведува дека тестирале „буревестник“ крстосувачка ракета на земја и таа сега е подготвена и за пробни летови.

Воени претставници наведуваат дека во моментов тестираат и „пересвет“ ласерски систем на оружје, како и подводен дрон „посејдон“.

Министерството го објави својот напредок во развојот на оружје неколку дена по самитот со американскиот претседател Доналд Трамп и Путин во Хелсинки.