Русија се надева дека никогаш повторно нема да се случи ситуација слична на кризата во Парламентарното собрание на Советот на Европа (PACE), во која руската делегација не  можеше да учествува во неговата работа, никогаш повеќе нема да се случи, изјави рускиот шеф на дипломатија, Сергеј Лавров, на меѓународниот форум „Развој на парламентаризмот”.

– Се надеваме дека ситуациите слични на оние што ги предизвика русофобското малцинство во PACE никогаш повторно нема да се случат. Убеден сум дека имате моќ да го спречите тоа – рече Лавров.

На руската делегација во PACE ѝ беше одземено правото да гласа, да учествува во мониторинг-мисиите и да биде избрана во управните тела на PACE во април 2014 година, по случувањата во Украина и повторното обединување на Крим со Русија.

На 26 јуни 2019 година, членовите на летната сесија на PACE одобрија резолуција со која ѝ се враќа целосната моќ на руската делегација во рамките на организацијата. Сите измени на санкциите предложени за документот беа отфрлени, а Русија ја продолжи својата полноправна работа во Собранието.