Русија доби поддршка од парламентарното Собрание на Советот на Европа, по неколку години да се врати во тоа тело, пренесе „Дојче веле“. Украина не го прифаќа тоа.

На Москва ѝ беа суспендирани гласачките права поради анексијата на Кримскиот Полуостров.

Парламентарното Собрание на Советот на Европа ја повика руската делегација да учествува во јунското заседание, а резолуцијата по тој повод била усвоена доцна синоќа, по девет часа дискусија.

– Правото на членовите да гласаат, да зборуваат и да бидат претставени во Собранието и нејзините органи не може да биде суспендирано ниту поништено во конеткст на оспосрување или ревидирање на овластувањата – се наведува во текстот на документот.

Во него се додава дека основните права не може на никаков начин да бидат санкционирани, но сепак, како и претходно, останува можноста за оспорување на овластувањата на делегациите.