Русија го возвраќа ударот на Словачка и прогласи словачко воено атеше за „перосона нон грата“, како одговор на протерувањето на руските дипломати од Словачка – соопшти портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Захарова вели дека општоприфатлива дипломатска пракса е при вакви непријателски акции да се одговори реципрочно. Словачкиот воен атеше ќе мора да ја напушти Русија во рок од два дена, откако е прогласен за непожелен.

Минатата недела словачкиот премиер Петер Пелегрини прогласи руски дипломат за „персона нон грата“, затоа што имал активности против Словачка и НАТО.