Русија планира накратко да се исклучи од интернет, како дел од планираната кибер војна во иднина, соопшти Би-Би-Си.

Тоа значи дека податоците, кои поминуваат меѓу руските граѓани и организациите, ќе останат во земјата, наместо да се пренасочат меѓународно.

Минатата година во рускиот Парламент беа претставени законски измени, со кои ќе се овозможат технички промени, дозволувајќи самостојно функционирање.

Се очекува тестирањето да се случи пред 1 април, но, се уште нема точен датум. Предлог-законот се нарекува Национална програма за дигитална економија и бара од руските интернет-провајдери да обезбедат дека тие можат да работат дури и ако надворешните сили дејствуваат да ја изолираат земјата онлајн.

НАТО и нејзините сојузници се закануваат дека ќе ја казнат Русија поради кибер-напади и друга вид онлајн интервенција, за што земјата редовно се обвинува.

Мерките опишани во законот ја вклучуваат Русија, која гради сопствен систем на адреси, познат како DNS, така што може да работи дури и ако интернационално поставените сервери се нарушени.