Генералниот директор на руската вселенска агенција „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин и министерот задолжен за интеграција и макроекономија на Евроазиската економска комисија Сергеј Глазјев, на бизнис форумот на Евроазиската економска унија (ЕАЕУ) го пренесоа предлогот на Русија за формирање на Евроазиска вселенска агенција.

– Би сакал сериозно да разговараме на темата за формирањето на Евроазиската вселенска агенција. Идејата навистина релевантна и посакувана – истакнал Рогозин, додавајќи дека сите земји од Унијата се заинтересирани за проектите на „Роскосмос“.

Рогозин исто така рекол дека тој верува оти 2028 година ќе биде критична за продолжување на активностите на Меѓународната вселенска станица (МВС).

– 2028 година ќе биде многу критична за понатамошната работа на МВС, така што веќе почнавме да работиме на руската орбитална сервисна станица – истакнал Рогозин.

Рускиот вицепремиер Јуриј Борисов уште во април изјави дека Русија ќе изгради нова орбитална станица со некој од своите партнери, доколку некој од нив се согласи на тоа, но и дека Русија е способна сама да го реализира тој проект. Според Борисов, новата руска вселенска станица би можела да биде лоцирана повисоко од Меѓународната вселенска станица.