На Иран му се закануваат санкции поради наводното кршење на нуклеарниот договор

Москва ги повикува заливските земји да го разгледаат заедничкиот безбедносен механизам за Персискиот Залив, истакнувајќи дека е време светот да ги отфрли унилатералните мерки, како што се санкциите, според рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. 

Заедничкиот механизам за почеток би служел за создавање на доверба, како и за покани за одржување на воени вежби, како што посочи Лавров на меѓународната безбедносна конференција во Њу Делхи, Индија.

Шефот на иранската дипломатија Мохамед Џавад Зариф, кој, исто така, присуствуваше на конференцијата оцени дека евентуалната употреба на санкции на ОН е без правен основ и претставува стратешка грешка.

Претходно, Велика Британија, Франција и Германија се заканија со ваква мерка, обвинувајќи го Иран за кршење на одредбите од нуклеарниот договор.