Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека Русија повлекла 1.140 воени лица и 13 воени авиони од Сирија во последните неколку денови.

– Почнавме да ги повлекуваме нашите сили за време на мојата посета на базата Хмеимим и тоа продолжува. Во последните неколку денови се повлечени 13 воени авиони, 14 хеликоптери и 1.140 воени лица, истакна Путин.

Рускиот претседател ја посети Сирија во декември минатата година.