Воениот суд во Москва го осуди во отсуство поранешниот украински министер за одбрана Анатолиј Гриченко на шестгодишна затворска казна за повикување на терористички напади на територија на Русија.

Гриченко моментно престојува на територија на Украина, која не може да го екстрадира во Русија во склад со меѓународните правни норми и украинското законодавство.

Кривичната пријава против него е покрената по јавните изјави дадени на 16 јули 2014 година и на 2 јули 2017 година.

Гриченко во 2014 година јавно повикувал на терористички активности во Русија со разнесување на руски возови. Во 2017 година ја изнел идејата за секоја експлозија на автомобил во Киев или Мариупол, Украинците да вратат со иста мера во Москва или Таганрог.