Русија одбележува 30 години од прогласувањето на независноста од Советскиот Сојуз, но прославите се поскромни поради пандемијата на коронавирус.

– Не би препорачал да се оди некаде поради овие прослави. Забранети се масовни настани – рече градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

Русија регистрираше повеќе од 500.000 заразени со коронавирус, по што е трета во светот по САД и Бразил. Скоро половина од заразените се наоѓаат во Москва, која неделава ја укина двомесечната изолација.

– Ќе има официјални настани на 12 јуни, вклучувајќи ја и парадата, но подобро е да ги гледате на телевизија – рече Собјанин.

На Русите во целата земја им беше советувано да го избегнуваат метежот по повод празникот, со кој се одбележува денот кога тогашната советска република прогласи независност, забрзувајќи го распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Во таа пригода, за првпат по повеќе од два месеци изолација, треба да се појави во јавноста претседателот Владимир Путин, кој престојуваше во неговата резиденција недалеку од Москва.

Тој ќе присуствува на церемонијата на подигнување на знамето во московскиот „Парк на победата“.