Премиерот на Украина Володимир Гројсман ја обвини Русија дека е вмешана во вчерашното убиство на познатиот руски новинар Аркадиј Бабченко во Киев, пишува рускиот весник „Известија“.

Гројсман на Фејсбук напиша дека е сигурен во неговото тврдење. Тој го нарече Бабченко „вистински пријател на Украина“ на кого „Русија не му прости“.

Непознати напаѓачи синоќа три пати му пукале во грб на новинарот додека одел по улица.

Рускиот новинар, кој работел за различни весници и телевизии, заминал од Русија во 2016 година и имал своја емисија во Украина на кримско-татарската телевизија АТР. Некои светски агенции јавија дека Бабченко, кој бил еден од најпознатите руски воени известувачи, си заминал од Русија затоа што се плашел за својот живот.