Руското Министерство за надворешни работи го демантираше извештајот за разговорите меѓу Москва и Вашингтон за можна размена на затвореници, во рамките на која би бил ослободен Пол Вилан, поранешен американски маринец кој е во затвор за шпионажа, пренесе агенцијата РИА.

Вилан беше осуден на 16 години затвор за шпионажа во јуни минатата година. Тој ги негираше сите обвинувања, а неговиот адвокат вчера изјави дека се водат разговори за можно ослободување на Вилан за два до три месеци.

Претходно, адвокатот рече дека разговорите за размена на затвореници биле стопирани поради претседателските избори во Америка и неподготвеноста на администрацијата на претходниот американски претседател Доналд Трамп да ослободи руски државјанин во време кога има обвинувања за мешање во гласањето.