Изјавите на Иран за постепеното намалување на обврските на земјата превземени со нуклеарниот договор од 2015 година, не би требало да доведат до толкави негодувања, оцени руското министерство за надворешни работи.

-Изјавите за силната намера да се направи дополнителен чекор кон постепено намалување на обврските превземени од нуклеарниот договор, кои ги изнесоа претставниците од иранското министерство за надворешни работи и организацијата за атомска енергија на прес-конференција во Техеран на 7-ми јули не би требало да претставуваат толкава тревога, се наведува во соопштението на министерството.