Русија нема намера да се предлага како посредник во преговорите меѓу талибанците и другите политички сили во Авганистан, рече рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

– Долго ги повикувавме талибанците и другите етнички политички групи во Авганистан да преговараат за создавање инклузивна преодна влада. Во моментот не планираме да бидеме посредник во таквите преговори – рече Лавров.

Рускиот функционер посочи дека сите се заинтересирани талибанците и другите етнички и политички актери во Авганистан да постигнат едногласност во врска со пораките што ги испраќаат до западните земји, Кина и земјите од Централна Азија. Што се однесува до отпорот во долината Панџшир, Лавров додаде дека посебна улога му припаѓа на рускиот сојузник Таџикистан.

– Во долината Панџшир таџикистанците од Авганистан преговараат со централната талибанска влада. Се надевам дека овие преговори ќе доведат до решение и нема да бидат прекинати и дека заканите за продолжување на непријателствата нема да се остварат – рече Лавров.