Судот во Русија нареди депортирање на пет лица, вработени на Универзитетот во Бафало во САД, поради прекршување на условите за издавање визи.

Судот во Рјазањ, град оддалечен на 200 километри од Москва, наведе дека групата од американскиот универзитет дошла во Русија со туристичка виза, но дека одржала предавање на еден локален универзитет.

– Оваа активност не е во склад со нивната цел наведена за влез во Русија – се наведува во соопштението на судот.

Петмината Американци добиле и парична казна. Тие може да поднесат жалба на одлуката за депортација.

Американската амбасада во Москва и Универзитетот засега не се огласија за случајот.