Русија на Сирија и подари три комплети ракетни системи С-300ПМ, од кои секој содржи по осум лансери, јави ТАСС, повикувајќи се на воени дипломатски извори.

– На 1 октомври, три батаљонски комплети на системите С-300ПМ со по осум лансери, се испорачани на Сирија, изјавил неименуваниот извор.

Тие системи, како што појаснил изворот, претходно биле распоредени во еден од полковите на руските воздухопловни сили, кои сега користат системи Триумф С-400.

– Извршен е ремонт на системите С-300 во руски воени претпријатија, тие се во добра состојба и способни за извршување борбени задачи, навел изворот, дополнувајќи дека тие биле испорачани без какви и да се трошоци за сириската страна.