Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу информираше денеска дека Русија на Сирија и испорачала противвоздушен ракетен систем С-300.

Потегот доаѓа откако сириската армија по грешка собори руски воен авион со 15 офицери во него, мислејќи дека се работи за израелски ловец.

Руските меидуми во меѓу време објавија дека при претстојната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Индија, ќе биде потпишан договор вреден пет милијарди евра за испорака на понапредниот ракетен систем С-400 на индиската армија.

Путин ќе ја посети Индија кон крајот на неделава.