Русија планира да прејде на трансакции во рубљи со Еквадор, а на дипломатско ниво веќе се водат преговори исто како и меѓу претставниците на власта и бизнис-круговите во двете земји, пренесуваат руските медиуми.

Една од можните опции може да биде отворање филијала на руската државна банка на територијата на оваа латиноамериканска држава, по што филијалата би се поврзала со Системот за пренос на финансиски пораки (СВИФТ) на Централната банка на Русија.

Еквадор нема своја национална валута и го користи американскиот долар. Сите доларски трансакции ги контролираат американските Федерални резерви.

Истовремено, еквадорските кредитни организации не се многу заинтересирани да се вклучат во рускиот систем зашто не се сигурни дека постои толкава побарувачка за рубљата и бидејќи тоа е ризичен чекор во поглед на санкциите, пишуваат медиумите.