Русија има прототипи на вакцината против СИДА, изјави шефицата на руската служба за фитосанитарен надзор „Роспотребнадзор“, Ана Попова.

– Русија учествува во развојот на вакцина против СИДА многу години. Имаме наши прототипи, наши вакцини – рече Попова.

Научниот институт „Вектор“ во моментов работи и на вакцина против коронавирус.