Истражувачка група „Белингкат“ и руската интернет-страница „Инсајдер“ тврдат дека руското разузнавање се инфилтрирало во компјутерската инфраструктура на компанија, која ги разгледува молбите за британски визи.

Истрагата објавена денеска покажа како двајца осомничени агенти на руското воено разузнавање, кои се обвинети за труењето на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал во англискиот град Солзбери во март, добиле британски визи.

„Инсајдер“ и „Белингкат“ наведуваат дека интервјуирале неименувано лице човек кој работел за компанија, што ги разгледува молбите за визите за неколку конзулати, вклучувајќи ги и британските визи. Човекот побегал од Русија и побарал азил во САД. Тој тврди дека бил принуден да работи со агент на руското контраразузнавање – ФСБ, кој имал пристап до камерите за набљудување на Британскиот центар за визи и имаат шема од компјутерската мрежа во центарот.