Русија е спремна на секакво сценарио, особено во случај на понатамошна дестабилизација и влошување на ситуацијата од страна на САД и нема да разместува ракети додека тоа не го стори американската страна, посочи рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, во обраќањето пред државната Дума, пренесува ТАСС.

Рускиот претседател на 2 февруари изјави: „Поведуваме научноистражувачки и конструкторски проекти за развивање системи од среден дострел водејќи се од одговорниот пристап кон обезбедувањето на меѓународниот мир и безбедност за, ако е потребно, да можеме да им парираме на САД, кои се во напредна фаза на таквите проекти“.

-Ние ќе се воздржуваме од чекори за распоредување на нашите средства каде било сè додека тоа не го сторат САД- изјави Рјабков.

Тој истакна дека таквото однесување е насилна манифестација на добрата волја и на одговорноста од страна на Русија.

-Ќе бидеме спремни за секакво сценарио ако САД продолжат со дестабилизацијата и со заострување на ситуацијата- заклучи Рјабков.