Шефот на државната корпорација „Ростек“, Сергеј Чемезов, изјави дека Москва може да постигне договор со Анкара за испорака на воените авиони „Су-35“, пренесува „Спутник“.

– Ако нашите турски колеги изразат желба, подготвени сме да реализираме испорака на борбени авиони Су-35 – изјави Чемезов.

Изјавата доаѓа откако Вашингтон најави дека одлуката на Турција за купување руски системи за воздушна одбрана „С-400“ ја прави нејзината континуирана инволвираност со „Ф-35“ невозможна.

Пентагон минатиот месец објави дека нема да прифати нови турски пилоти за обука за „Ф-35“, освен ако Анкара не го повлече договорот со Русија, но Анкара одби да ги исполни условите на САД, потврдувајќи го договорот вреден 2,5 милијарди долари за испорака на системите „С-400“.