Русија е подготвена да испрати повеќе воени специјалисти во Венецуела доколку е потребно, објави руската агенција РИА според извештајот на Министерството за надворешни работи, пренесува „Ројтерс“.

Другата руска агенција ТАСС ги пренесе наводите на ова министерство дека Русија не ја исклучува можноста за зголемување на рускиот воен персонал во Венецуела.

„Ројтерс“ потсетува дека Москва претходно оцени дека целосното повлекување на руската армија од Венецуела ќе претставува удар за социјалистичкиот претседател Николас Мадуро, кој Русија ја смета за близок сојузник.