Државната Дума ја потврди кандидатурата на поранешниот шеф на Федералната даночна служба, Михаил Мишустин, за нов премиер на Русија.

Мишустин вети дека ќе се фокусира на социјалните прашања и ќе се заложи да го подобри животниот стандард на граѓаните, пренесе агенцијата ТАСС.

–  Ги имаме сите ресурси што ни се потребни за да ги исполниме целите поставени од претседателот Владимир Путин – рече Мишустин во Думата.

Тој ќе го наследи Димитриј Медведев, кој беше руски премиер веќе осум години, а кој си поднесе оставка откако Путин вчера предложи измени во Уставот.