Русија бара утре да биде одржана отворена седница на Советот за безбедност на ОН, на која ќе бидат разгледани обвинувањата од Лондон дека Русија стои зад обидот за убиство на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка со употреба на нервен агенс.

Барањето го поднесе рускиот амбасадор во Светската организација Василиј Небензја.

Тој го образложи барањето со писмото, кое на 13 март го испрати британската премиерка Тереза Меј до СБ на ОН во кое се вели дека „многу веројатно“ Москва стои зад нападот на Скрипал.

Петнаесетчлениот Совет за безбедност на ОН на 14 март заседаваше на оваа тема по барање на Велика Британија, каде беше извршен обидот за убиство на Сергеј и Јулија Скрипал.