Противниците на планираната пензиска реформа денеска протестираат низ руските градови по повикот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Руската влада минатиот месец испрати до парламентот предлог за зголемување на возраста за пензионирање на 65 години од сегашните 60 години за мажи, до 2028 година.

За жените, старосната граница за пензионирање, од сегашните 55 се зголемува на 63 години до 2034 година. Просечната пензија во Русија изнесува14 000 рубли месечно (230 долари).

Новата реформа за пензионирање ќе почне да се спроведува од следната година.