Директорот на руската државна корпорација „Ростек“, Сергеј Чизмов, изјави дека Русија е подготвена на Турција да продаде борбени авиони „Су-35“.

Чизмов на турските власти им ја предложи продажбата на овој тип борбен авион од руско производство.

-Доколку нашите турски колеги изразат интерес, ние сме подготвени за испорака на „Су-35“, истакна тој.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент вчера писмено соопшти дека Турција не може да остане во програмата за американските борбени авиони „Ф-35“, поради купувањето на рускиот одбранбен ракетен систем С-400.