Британскиот премиер ќе распише избори кои ќе се одржат на 14 октомври, ако парламентот ја блокира можноста за излез на земјата од Европската Унија без договор, изјави извор од британската влада за „Ројтерс“.

Британскиот премиер, Борис Џонсон, претходно денеска рече дека не сака избори и ги повика пратениците да не ја поткопуваат британската преговарачка позиција со Европската Унија.