Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска ја предупреди Европа дека Техеран в недела „ќе го направи следниот чекор” за да ги зголеми залихите на збогатен ураниум, пренесува „АП“.

– Доколку сакате да изразите жалење или да издадете соопштение, можете тоа да го направите сега – порача Рохани.

Иран неделава го прекрши ограничувањето на залихите со ниско збогатен ураниум утврдени врз основа на нуклеарниот договор од 2015 година и објави дека в недела ќе го зголеми збогатувањето на ураниум блиску до нивото на нуклеарно оружје доколку Европа не понуди нов договор, објави агенцијата.